Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > “Голеада“ во Скопје, Вардар поразен од Шкендија на домашен терен
“Голеада“ во Скопје, Вардар поразен од Шкендија на домашен терен

“Голеада“ во Скопје, Вардар поразен од Шкендија на домашен терен

Денес на Арената “Филип втори“ во Скопје се одигра дербито помеѓу ФК Вардар и гостинот од Тетово, екипата на ФК Шкендија. Oва беше натпревар од 28.коло во првата лига, во еден меч со дури пет погодоци ние бевме поразени од тетовци со резултат 2-3 (1-1).

Вардар стартуваше со следниот состав: 1. Алексовски, 2. Тошевски, 5. Битанг, 6. Грнчаров, 9. Блажевски, 11. Барсегјан, 18. Колевски, 21. Новак, 30. Тодороски, 48. Реџепи, 77. Брдаровски. 

Дуелот почна со шанса во првите 60.секунди за нас, видовме силен удар на Блажевски од триесетина метри, топката мина крај голот на Шкендија. Потоа две акции имаше гостинот, во првата Алексовски одбрани, а во втората во 6.минута тие поведоа со 0-1, стрелец беше на погодокот  Ибраими.  Во 14.минута имавме шанса за изедначување, топката ја имаше  Блажевски се обиде од слободен удар од 30 метри, топката одеше по  средината од голот под пречката, а голманот Реџепи изби во корнер.  До крајот на првиот дел уште двапати се заканија гостите кои сакаа да ја удвојат предноста, сепак Алексовски беше на висина на задачата и не остави во игра. На две минути до крајот на првиот дел Дејан Блажевски од левата страна одлично нафрли до Колевски кој што најпрво со глава се обиде, топката ја одбрани голманот на противникот, таа се одби и  вториот обид Колевски погоди во мрежата на Реџепи. Со овој резултат, 1-1 се замина на одмор на ова дерби.

Вториот дел почна сосема одлично за нас, ние по само две минути го комплетиравме пресвртот. Во првата минута од вториот период нововлезениот   Хамбарџумјан кој денес настапи по голема пауза, нафрли од десната страна, играчот на гостите Мурати играше со рака по што судијата досуди пенал за Вардар. Истиот го изведе Блажевски, силно и прецизно за наша предност со 2-1 на овој дуел. Гостите успеаа да казнат во пролжение најпрвин во 52.минута Ибраими изедначи на 2-2, а во 59.минута Муслиу  погоди за пресврт, Шкендија со неговиот погодок поведе со 2-3 на овој дуел. Ние се обидувавме да се вратиме  во 66.минута имавме слободен удар,  силен шут упати Барсегјан во долниот десен агол, но со крајни напори одбрани Реџепи и исфрли во корна. По оваа шанса во наредните минути падна на интезитет натпреварот, двата тима играа претежно на средината од теренот. До крајот прилика уште забележавме ние, Барсегјан од слободен удар во 89.минута шутна крај голот. Тоа беше последна прилика за скопските црвен-црни на овој натпревар.