Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2004 го доби убедливо дербито со Работнички, победа со 4-0 за момците на Кралевски
ФК Вардар генер.2004 го доби убедливо дербито со Работнички, победа со 4-0 за момците на Кралевски

ФК Вардар генер.2004 го доби убедливо дербито со Работнички, победа со 4-0 за момците на Кралевски

Во текот на денешниот  ден на теренот на Академијата  се одигра градското фудбалско дерби, помеѓу екипите на Вардар и Работнички, кај генер.2004 година. Со ова коло стартува и третиот последен круг на натпреварување, избраниците на Игор Кралевски дојдоа  на третата последователна победа во меѓусебните дуели со врсниците од Работнички. Како и на двата дуели претходно кои ги добивме со убедлива разлика, така и денес ги совладавме со високи 4-0 (2-0)

Тренерот на црвено-црните Игор Кралевски се одлучи дуелот да до почне со следните момци:  Наумов, Ангелов, Љушев, Анчевски, Серафимов, Каровски,  Стојановски С. , Попов, Дошев, Гуџуфи. 

Вардаровите момци тргнаа во офанзива со цел да го решат мечот рано уште по првиот судиски свиреж. Се редеа прилики пред голот на гостите од Градски Парк.  Ние за почетна предност отворивме преку Горазд Попов, со чии погодок  го отворивме мечот со почетни 1-0. Напаѓавме постојано со цел да ја удвоиме предноста и да заминеме на одмор со комотна разлика на овој натпревар. Повторно истиот играч беше таличен за “романтичарите“, Горазд Попов погоди втор пат зголемувајќи на 2-0. Иако имавме уште неколку прилики во првиот период со овој резултат и со два гола позитива заминавме на одмор.

109

Вториот дел беше идентичен како и првиот, момците на Кралевски Игор беа во постојан атакт на голот на црвено-белиот тим. Во овој период успеавме да погодиме исто така уште два пати, со што го дуплиравме водството од првиот дел. Стрелци на погодоците во вториот дел беа, нововлезениот Димитар Стоимов и двојниот стрелец од првиот дел кој повторно погоди Горазд Попов. Најпрвин на  3-0 зголеми Стоимов во овој период, а точка на мечот со последниот гол за нас на овој дуел стави Попов.Со оваа победа продолжи низата на 100% успех во оваа генерација во регионалната лига.