Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Момците на Кралевски, ФК Вардар генер.2004 “визираа“ 1/2-фин. со Стеауа на “Пирин купот“
Момците на Кралевски, ФК Вардар генер.2004 “визираа“ 1/2-фин. со Стеауа на “Пирин купот“

Момците на Кралевски, ФК Вардар генер.2004 “визираа“ 1/2-фин. со Стеауа на “Пирин купот“

Генерацијата на ФК Вардар родени “2004“ година успеаа да го добија последниот натпревар од групата  и да се пласираат во полуфиналето на турнирот “Пирин Куп“. Момците на Игор Кралевски со доминантна игра и висока победа обезбедија место во најдобрите четири екипи кои ќе разигруваат за пехар во својата генерација.

Момците од ФК Вардар генерација родени 2004  се сретнаа со тимот на Пирин Благоевград, нашите надежи со  високи  8 :0 го визираа утрешниот полуфинален меч. Избраниците на Кралевски доминираа во сите аспекти на фудбалската игра на овој дуел, и бескомпромисно го полнеа голот на бугарите. За нас головите ги постигнаа тројца играчи и тоа: Горазд Попов (5 гола),  Левент Ибраим (2 гола) и еден погодок беше дело на  Арбин Курти. Утре во полуфиналниот дуел не очекуваат младите надежи од екипата на ЦСКА Софија.