На 10. јули 2004 година, Вардар во тогашниот УЕФА Интер-Тото Куп играше на гости против Гент. Овој двомеч нашиот тим го доби по изведување на пенали откако во регуларниот дел резултатот беше 1:0.
„Црвено-црните“ во Белгија отпатуваа со предност од 1:0 стекната на првиот меч во Скопје. Вардарци имаа добитна комбинација се до финишот од средбата, кога тогашниот дефанзивец на нашиот тим Никола Ѓошевски си постигна автогол, по што натпреварот замина во продолженија. Таму остана истиот резултат, а по изведувањето на пеналите Вардарци триумфираа со 4:3.
Вардар на гостувањето во Белгија играше во следниот состав: Здравковиќ, Блесинг, Маркоски, Васоски, Ѓошевски, Серафимовски (68’ Захариевски), Тасевски, Трајчев, Грозданоски (111’ Бајрамовски), Оливеира (61’ Масев), Вандаир.
Екипата беше предводена од бразилскиот стручњак Жилдо Родригез. Тоа беше натпревар од 2. коло во Интер-Тото, а претходно „црвено-црните“ го елиминираа составот на кипарски Етникос, забележувајќи ја тогаш најубедливата победа во историјата во Европа од 5:1, и со вкупни 10:2 мина во следната фаза. После Гент следниот ривал на Вардар беше Бундеслигашот Шалке кој доминатно го елиминираше нашиот тим со вкупни 6:1.