Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Вардаровите голгетери во младинските лиги, кои постигнале повеќе од два гола на еден дуел
Вардаровите голгетери во младинските лиги, кои постигнале повеќе од два гола на еден дуел

Вардаровите голгетери во младинските лиги, кои постигнале повеќе од два гола на еден дуел

Во следниот наш текст ќе ги изнесеме играчите кои успеваа сезонава да постигнат три или повеќе голови, на еден натгпревар во младинските лиги.

Кај помладите пионери, само двајца играчи можат да се пофалат дека на еден меч имале постигнато повеќе од два гола. Се работи за Бесар Гуџуфи, кој инаку е рекордер по бројот на постигнати голови на еден дуел. Напаѓачот на оваа генерација, кој е и репрезентативец на Македонија, на еден дуел постигнал дури пет голови, додека на друг меч четири пати ја има затресено противничката мрежа. Втор после него е Левент Ибраим, играч кој на еден дуел постигнал 4, а на друг дуел 3 погодоци.

Кај пионерите, единствените двајца играчи со повеќе од два гола на еден натпревар се Георг Стојановски и Антонио Мирков. Гео постигнал хет-трик дури на четири натпревари, додека на еден дуел три пати во листата на стрелци се запишувал и Мирков.

Кај кадетите до вакво достигнување може да се пофали само капитенот, Азер Омерагиќ, но и Георг Стојановски, кој на по еден меч во кадетската лига успевале да постигнат хет-трик. Кај младинците тоа го сториле, Малик Хасановиќ и Давид Ристовски, играчи кои имаат хет-трик на еден натпревар во младинската супер лига.