И третата екипа на Вардар во Несебар дојде до злато. Како што веќе ве известивме ФК Вардар генер.2005 вчера и утрово генер.2008 станаа шампиони. По нив во својата генерација дојдоа до злато момците на Сашо Јанев, ФК Вардар генер.2006. Тие во последниот меч се сретнаа со Фк Локомотив 2 Софија , нашите момци го совладаа овој тим со 5:2 (2:2) и дојдоа до злато.
Мечот не почна најсјано поради големиот притисок за победа, и малото опуштање на почетокот противникот најпрвин поведе со 0:1, а потоа и со високи 0:2 што беше проблем кој мораше да го решаваме во продолжение. Нашите момци се издигнаа од “пепелта“ за кратко. Веднаш ја преполовивме со гол предноста, за 1:2 стрелаше Олег Трифуновски. На одмор успеавме да заминеме со резултатска симетрија 2:2, голот за изедначување го постигна Марко Николовски. Во вториот дел тргнавме на цел плен, со двата гола на Олег Трифуновски поведовме с високи 4:2 на средбата. Точка на овој дуел стави Михаил Танчев кој ги постигна конечните 5-2.