Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Шампиони! ФК Вардар генер.2008 убедлива во големото финале на “Куп на Црното Море“ во Бугарија (ВИДЕО)
Шампиони! ФК Вардар генер.2008 убедлива во големото финале на “Куп на Црното Море“ во Бугарија (ВИДЕО)

Шампиони! ФК Вардар генер.2008 убедлива во големото финале на “Куп на Црното Море“ во Бугарија (ВИДЕО)

Денес на програмата на меѓународниот турнир “Куп на Црното Море- Несебар 2018“ беа финалните мечеви и доделувањето на признанието на најдобрите. Во генерација родени 2008 година најдобри се ФК Вардар. Момците на Павел Неделковски турнирот го завршија без пораз, победија во сите мечеви во групата, вчера доминантно минаа во полуфиналето , а денес без примен гол триумфираа и во големото финале.

0000

Наш противник во големото финале на турнирот во Несебар беше екипата на ФК Локомотив Софија. Тие се обидоа на почетокот да имаат иницијатива, но брзо се соочија со фактот дека ние сме подобар противник кој ја контролира играта и со тоа подоцна го контролиравме и резултатот. На одмор заминавме со минимална предност и покрај неколкуте прилики, единствениот гол за 1-0 го постигна Стефан Бранковски.  Истиот играч беше таличен иза бугарите и во вториот дел, тој успеаа да ја удвои предноста и да постигне гол за 2-0 во ова финале. Точка на победата на црвено-црните стави Арти Азизи , тој постигна гол за конечните 3-0.

35387773_10156348368658704_2202669691376238592_n

Честитки до тренерот Павел Неделковски и сите момци за овој успех. Видео од  каде може да ги погледнете нашите момци на завршната цеременија на доделување на медалите може да погледнете- ТУКА!