Денес на терените на ФФМ нашата генерација 2006 која игра со еден тим во четвртфиналето од детската лига успеја да дојде до победа и да се пласира во полуфиналето кое се игра попладне. Избраниците на Филип Арсовски се сретнаа со екипата на Фудбал Старс и дојдоа до победа со високи 17-4.
Натпреварот почна со наша офанзива прва прилика имаше Марко Николовски кој ја погоди стативата од голот на противникот. Следеа три прилики на Дарко Сековски, првиот удар му го одбрани голманот, а во двата наредни шутна добро и силно сепак топката мина над гредата. Следна прилика пропушти Давид Голубов, овие промашување противникот ги казни со една контра по која погоди за 0-1. Ние напаѓавме постојано во продолжение изнудивме пенал од три корни кој во гол за изедначување на 1-1 го претвори Дарко Сековски. По изедначувањето ние целосно тргнавме да го свртиме резултатот на овој дуел па погодивме за 2-1 преку Марко Николовски. Веднаш потоа Коловски Стефан одлично напраи пробив шутна топката ја одби голманот на неа налета Давид Голубов кој рутинирано погоди за 3-1. Во следните две минути погодивме уште двапати, преку Стефан Коловски зголемивме на 4-1 и потоа преку Кристијан Галевски зголемивме на 5-1 што се покажа како краен резултат на полувремето од овој натпревар. До крајот на првиот период прилика за одбележување имаше Дарко Сековски кој неуспеаа да ја претвори во нов гол за црвено-црните на овој четвртфинален натпревар.
Вториот дел го почнавме офанзивно, сепак првата прилика ја имаше противникот тие беа во шанса сепак со одлична парада Андреј Данстак го сочува својот гол. Веднаш по ова за кратко зголемуваме на 7-1, шестиот гол за нас го постигна Олег Трифуновски, а седмиот Александар Миовски. Се редеа шанси пред голот на ривалот, Трифуновски пропушти голема прилика во продолжение. Марко Николовски и Стефан Коловски со по еден гол потоа зголемија на високи 9-1 и најавија дека денес идеме на убедлива победа. Следеа наши шанси и погодоци. Најпрвин по асиситенција на Голубов, Коловски погоди за 10-1, потоа истиот играч со одличен удар погоди во аголот за 11-1. Фудбал Старс искористи едно наше опуштање и анмали на 11-2, сепак ние веднаш одговоривме на нивниот гол со погодокот на Голубов за 12-2. Нашиот ривал намали на 12-3 од пенал по што следеше еден гол на Марко Николовски и “гол-шоуто“ на Марко Николовски кој погоди три пати за наша предност со 16-3. Повторно следеше пенал за другата екипа која ублажи на 16-4. Последен гол на натпреварот го постигна нашиот играч Олег Tрифуновски кој погоди за 17-4 резултат кој ни обезбеди место во полуфиналето кај генерација 2006.