Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Двете екипи на Ане Андовски, генер. “2004“ ја поминаа четврфиналната пречка и денес ќе играат во полуфиналето на детската лига
Двете екипи на Ане Андовски, генер. “2004“ ја поминаа четврфиналната пречка и денес ќе играат во полуфиналето на детската лига

Двете екипи на Ане Андовски, генер. “2004“ ја поминаа четврфиналната пречка и денес ќе играат во полуфиналето на детската лига

Двете екипи на Вардаровата генерација 2004 ќе играат во полуфиналето на детската лига. Ова е епилогот од денешните четвртфинални мечеви, каде црвено-црните ги совладаа екипите на Фудбал Старс и Брегалница.

Вардар (1) во четвртфиналето се сретна со екипата на Фудбал Старс Доминација на Вардар на овој дуел, кој на крајот заслужено се пласираше во полуфиналето. Првиот удар кон противничкиот гол го имаше Никола Павлески, кој заврши во рацете на голманот. На првиот гол не се чекаше многу време , откако денес расположениот Гуџуфи го отвори резултатот за водство од 1:0. Во текот на целиот натпревар имавме константен притисок на половината на Фудбал Старс. Повторно се обиде Гуџуфи, откако асистираше Софијаноски, но голманот не дозволи нов погодок. Во прилика за гол се најде и Максим Милошевски, но повторно противничкиот голман е успешен.

vardarfans-gudjufi

Гуџуфи успева да зголеми на 2:0, откако во истата акција најпрво Софијаноски ја погоди пречката, за одбиената топка да стигне до Гуџуфи, кој ја погодува мрежата. Вардар немаше поголеми проблеми на овој дуел и имаше целосна доминација на теренот. Го зголемуваме резултатот на 3:0, со првиот гол на Матео Софијаноски, на асистенција од Гуџуфи. Во следните три минути следат два брзи наши голови и тоа двата дело на Гуџуфи. Најпрво биеше Матео, голманот ја одбрани топката, која стигна до Гуџуфи, овој не греши за водство од 4:0. Следеше вече и “петарда“ во мрежата на Фудбал Старс, а тоа повторно се погрижи, Гуџуфи кој стрела за 5:0.Имавме можност да го зголемиме резултатот, но Перковски ја погодува само пречката. Конечно екипата од Кочани успева да се закани кон нашиот гол, но Васко Василев, голманот на Вардар успешно брани и тоа зицер позиција за погодок. Сепак Теодор Перковски успева да се запише во листата на стрелци и тоа со удар од белата точка, откако противникот направи три корни. Сигурен реализатор е Перковски за резултат од 6:0 на полувреме. За одбележување во првите 30 минути е шансата на Богданосвки, но без реализација.

vardarfans-hajdari

Во второто полувреме првата голема прилика ја имаше Гуџуфи, кој бие покрај голот на противникот. Истиов играче немаше среќа, кога ја погоди пречката од голот на противникот. Во продолжение од играта следиме втор гол Перковски, за веќе убедливи 7:0. Противникот речиси и да се закани кон нашиот гол во второот полувреме. Нашите шанси продолжија да се редат пред голот на Фудбал Старс, а следен кој се запишува во листата на стрелци е Никола Павлески и тоа од пенал, за водство од 8:0. Следен кој се обиде беше Хајдари, кој бие над голот. До крајот на натпреварот уште два гола за Вардар и тоа за еден ист играч. Теодор Перковски со нови два гола, ја заокружува победата и конечен резултат од 10:0.

vardarfans-sofijanoski

Вардар (2) во четврфиналниот меч ја елиминираше екипата на Брегалница од Штип. Тоа беа ланските финалисти кај оваа генерација. Уште во првите минути од натпреварот, Вардар успева да го отвори резулттаот за наша голема радост. Стрелец беше Марио Ричков кој погоди од речиси “мртов’ агол, за водство од 1:0. Голема борба се водеше на теренот, каде двете екипи беа желни за победа. Добра шанса имаше и Георг Стојановски, кој за малку бие покрај стативата од противничкиот гол. Прв удар имаше и екипата на Брегалница, кој нашиот голман го брани ударот.

vardarfans-naslovna vardarfans-2

Повторно добра прилика имаше и Марио Ричков, но голманот на Брегалница го брани ударот. Противникот направи три корни, по што судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор е Георг Стојановски, кој носи водство на Вардар од 2:0. Од истово место погоди и екипата на Брегалница, откако нашиот тим направи три корни, за намалување на резултатот на 2:1. Ова беше резултат по истекот на првите 30 минути.

vardarfans-ancevski

Првата шанса во вториот дел ја имаше Никола Анчевски, кој бие покрај голот на Брегалница. Гледавме добар и динамичен фудбал, но црвено-црните имаа поголем посед на топка. Таквата напаѓачка игра ни донесе резултат, кога Георг Стојановски зголеми на 3:1. Вардар беше надмоќен до крајот на натпреварот, а Брегалница немаше квалитет и сила да парира на нашиот состав. Следува нов прекрасен гол на Георг Стојановски и тоа од слободен удар, откако голманот само со поглед ја проследи топката во мрежата, за предност од 4:1. Следува нова одлична акција на Вардар а во улога беа Каровски, Анчевски, за да реализира Георг Стојановски, за предност веќе од 5:1. Брегалница гледаше да избегне висок пора,з но тоа на крај не се случи. Од белата точка за зголемување на 6:1 погоди Огнен здравковски, ѕа конечните 7:1 да ги постави Горазд Попов.

vardarfans-pobeda

Одлични партии ѕа двете наши екипи предводени од Ане Андовски, кои на убедлив начин се пласираа во полуфиналето, кое се игра денеска. Нивни противници се екипите на Шкендија и ЛГ Битола.