Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар ген.2008 со 7:0 победа ја стартуваше Регионалната лига
ФК Вардар ген.2008 со 7:0 победа ја стартуваше Регионалната лига

ФК Вардар ген.2008 со 7:0 победа ја стартуваше Регионалната лига

Момците на Колев стартуваа со висока победа, генерација 2008 во Регионалната лига со убедлив триумф. На домашен терен, ФК Вардар генерација 2008 го пречека тимот на ФК Партизан Фудбал Кидс на денешиот натпревар од 1.коло во Регионалната скопска лига.

307463599_10222018356870180_7372683657411004845_n

Состав Вардар: Грчевски Лука, Јевтоски Христијан, Цветковски Филип, Ташевски Иван, Идризи Омер, Блажевски Петар, Јовановски Никола, Блажев Дамјан, Кадрији Ендрит, Делев Данило и Дарлишта Беким.

309157559_10222018232307066_1485307349640252349_n

Доминиравме во текот на цел натпревар, уште по првиот дел најавивме висока победа, со четири гола позитива го завршивме тој период. Победата дојде со резултат 7-0 (4-0) на оваа средба која се одигра на стадионот „Локомотива“.

2 306265029_10222018356350167_5606339184604965730_n
За нас на оваа средба погодија четири наши играчи и еден погодок беше автогол на гостинскиот фудбалер. Отворивме со голот на Делев Данило во 7.минута, три гола денес беа дело на Кадрији Ендрит кој стрелаше во 10′, 29′ и 48.минута. По еден гол впишаа Цветковски Филип (60′) и Шотаровски Марко кој ги постави конечните 7-0 72.минута.

3

Играа уште: Садики Бетим и Шотаровски Марко.