Двете пионерски екипи на ФК Вардар во ова 3.коло од Супер лигата гостуваа кај тимот на ФК Шкендија во Тетово
ПИОНЕРИТЕ одиграа реми 2-2, на гостувањето во Тетово, ние имавме предност на полувреме, но сепак во вториот дел дозволивме изедначување.
Имавме повеќе од играта, се играше 15.минута, кога со добра дијагонала Милош Спасовски го пронајде Николовски Марко, он излезе сам со голманот и пласиташе умешно за предност од 0-1. Напаѓавме по голот со цел да ја удвоиме предноста, во 22.минута Порчу испрати корисен центар-шут до Танчев Михаил кој ја прими одлично, се ослободи од еден чувар и удвои со гол за 0-2. До крајот домаќинот успеа да ја преполови предноста па на одмор заминавме со 1-2 за скопските црвено-црни.
Шкендија по сами 6.минути во вториот дел успеа да стрела за резултатска симетрија 2-2. Ние имавме одлична шанса преку Николовски Марко кој ја погоди гредата од голот на домаќинот. Прилики за водство во овој период имаа Величковски Андреј и Лефковски Давор сепак остана реми 2-2
Состав пионери: Нанчовски Стефан, Ајетовиќ Нуман, Лефковски Давор, Јанкоски Драган, Порчу Димитар, Николовски Марко, Величковски Андреј, Танчев Михаил, Гаштаров Матеј, Анастасов Матеј и Спасовски Милош.
Играа уште: Хасиќ Мирза, Алексовски Дамјан, Брзаковски Ангел, Бектеши Хабиб и Ѓорѓиевски Матеј.
ПОМ.ПИОНЕРИ беа совладани со 2-0, резултат кој беше актуелен уште од првиот дел на оваа средба. Домаќинот поведе во 5.минута, ние се обидувавме ама не успеавме да изедначиме. Во 43.минута, Шкендија ја удвои предноста и поведе со 2-0, резултат кој подоцна се покажа како конечен на оваа суперлигашка средба
Помлади пионери Вардар: Јаневски Лука, Поповски Мичо, Атанасовски Лука, Смиљков Филип, Крстевски Марко, Давитов Петар, Блажевски Иван, Јорданоски Михаил, Крстевски Антонијо, Радески Златко и Дамевски Филип.
Во игра влегоа: Керими Фуад, Котевски Петар, Шаботиќ Емир, Димов Михаил и Трајчевски Гоце.