Фудбалерите на Вардар остануваат лидери во Втората фудбалска лига на Македонија, откако попладнево на домашен терен запишаа лесна победа од 2:0 над екипата на Локомотива.
Вардар уште во третата минута отвори со првиот гол сезонава на Јован Попзлатанов. За мирен резултат се погрижи Мишковски со гол од корнер со глава во самиот финиш на првиот дел. Во второто полувреме Грнчаров им даде шанса на уште пет играчи, а Вардар дојде до рутинска победа од 2:0 и останување на лидерската позицијата на табелата, сега со два бода предност пред конкурентите.
Вардар во следното коло гостува кај екипата на Каменица Саса.