Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар со победа се враќа од Охрид
РК Вардар со победа се враќа од Охрид

РК Вардар со победа се враќа од Охрид

Ракометарите на Вардар стигнаа и до петтата последователна победа во домашното првенство. Вечерва црвено-црните гостуваа кај екипата на Охрид, од каде заминуваат со победа остварена со резултат 22:27.

Откако Вардар го отвори резултатот, следеше серија на Охрид за предност од 4:1, но момците на Недановски не дозволија натпреварот да оди во поинаков тек. Како одминуваше првиот дел воспоставија контрола на играта во салата Билјани Извори, иако Охрид даваше силен отпор, поведе повторно и со 9:7, но Вардар беше тимот кој со минимална предност од 12:13 замина на полувреме.

На стартот на второто полувреме постигнавме два гола во серија и поведовме со 12:15, додека највисоката разлика беше при резултат 13:17. Домашниот тим со поддршка од публиката успеа да се врати во натпреварот кога направи серија од 6:2 и во 45 минута го израмни резултатот на 19:19. Сепак Вардар е искусен тим да дозволи возбудувања, се одлепи повторно на три гола разлика и рутински приведе крајот на натпреварот, за конечни 22:25.

Наш најефикасен играч беше Куни Моралес кој постигна 7 гола, додека Стоилов имаше 5. Поддршка имаа од Талески и Манасков кои додадоа по 4 гола.