Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на Вардар со висока победа во дербито со Шкендија
Кадетите на Вардар со висока победа во дербито со Шкендија

Кадетите на Вардар со висока победа во дербито со Шкендија

Кадетите на ФК Вардар на домашен терен во 3.коло ја пречекаа екипата на Шкендија, ние доминиравме на оваа средба и дојдовме до убедлива победа со резултат 3-0 (1-0).

306950373_10222023292073557_9154776939093405997_n

Состав Вардар: Данстак Андреј, Трајчевски Александар, Рахми Рами, Митревски Матеј, Кулуковски Влатко, Стефановиќ Виктор, Туша Агрон, Кузмановски Михаил, Сековски Дарко, Стојановски Димитар и Нурединовски Алтин.

307319502_10222023292273562_5461895842712979815_n
Отворивме офанзивно, ние бевме тимот кој креираше повеќе шанси и имаше посед. Се играше 24.минута кога Сековски Дарко успеа да ја погоди мрежата на противникот за наша предност од 1-0. Гостинот се закани со удар надвор од казнениот простор, на нашиот гол одлично одбрани Данчевски Данстак Андреј. Ние до крајот на првиот дел имавме уште една убава прилика за удвојување на предноста, удар од дистанца упати Стојановски Димитар, голманот на ривалот успеа да ја скроти таа топка. На одмор заминавме со минимална предност од 1-0.

2
На почетокот на вториот дел, гостинот изврши притисок со цел да дојде до изеданчување, имаа неколку обиди крај голот на Данчевски Данстак Андреј. По десет минути игра во овој период ние се ослободивме од притисокот и ја преземавме иницијативата. Дарко Сековски упати удар од 20.сетина метра, погоди атрактивно во горниот дел од голот за удвојување на предноста, со неговиот втор погодок поведовме со 2-0 во 56.минута од овој кадетски дуел. Доминиравме целосно на оваа средба во финишот тоа донесе и трет гол, од десно мина и одлично нафрли , Нурединовски Алтин топката ја дочека на „волеј“ и стрелаше атрактивно за високи 3-0, резултат со кој заврши оваа средба.
309396145_10222023290913528_8988717716478917841_n
Играа уште: Рамани Хадис, Никодиновски Никола, Радевски Филип и Миовски Александар.