Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Историја > На денешен ден 2012, Вардар играше пред 30. илјади гледачи против Бате
На денешен ден 2012, Вардар играше пред 30. илјади гледачи против Бате

На денешен ден 2012, Вардар играше пред 30. илјади гледачи против Бате

На денешен ден 25.07.2012 година, пред повеќе од 30. илјади гледачи на Градскиот стадион во Скопје, Вардар одигра дуел во рамките на квалификациите за Лигата на шампионите против белорускиот првак Бате Борисов.

Вардарци имаа добар резултат од првиот меч, и „позитивен“ пораз од 3:2 на гостувањето во Белорусија, но за жал иако носени од одличната публика и полниот стадион, сепак, не постигнаа гол во Скопје и со резултат 0:0 заврши дуелот и Бате помина понатаму.

18771-vardarci-pred-30-000-gledachi-odigraa-neresheno-so-bate-borisov

Вардар: Захов, Таневски, Ранѓеловиќ (90’ Бојовиќ), Георгиев, Стјепановиќ (75’ Маневски), Хименез (46’ Стојаковиќ), Костовски, Темелков, Цикарски, Илиевски, Вајс.

На клупата за резерви беа уште и Симов, Петров, Оса и Бошковски.