Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Slider > Новите засилувања за Европскиот ракометен шампион, своето деби во црвено-црниот дрес ќе го имаат на 9.август
Новите засилувања за Европскиот ракометен шампион, своето деби во црвено-црниот дрес ќе го имаат на 9.август

Новите засилувања за Европскиот ракометен шампион, своето деби во црвено-црниот дрес ќе го имаат на 9.август

Во текот на вчерашниот ден, Европскиот ракометен шампион го имаше својот прв собир, со кој означи старт на подготовките за новата натпреварувачка сезона.

На првиот тренинг беа присутни и новите засилување на Вардар за новата сезона. Се работи за Димитар Димитриоски, Павел Атман, Жозе Гиљермо Толедо, Сергеј Горпишин, Артурс Кугис и Домен Сикошек Пелко. Познато е дека тимот има и нов тренер, тоа е Давид Писонеро.

Своето деби во црвено-црниот дрес, новите засилување ќе го имаат на 9.август, на турнирот во Требиње, каде Вардар и ќе го одработи главниот дел од подготовките. На овој датум ќе ги одиграме и првите мечеви, против екипите на Борац и Леотар и двете од БиХ.

Првите официјални мечеви, новите засилување на Вардар, ќе ги имаат на Супер Глоуб Купот, во периодот од 27-31.август, каде покрај Вардар ќе настапат и екипите на АЛ Вехда (С.Арабија), Барселона (актуелен првак), Заламек (Египет), Сиднеј (Австралија), Таубате (Бразил), Њу Јорк (САД), Ал Мудхар (С.Арабија), Кил (Германија).

Новата сезона во СЕХА-лигата ќе стартува на 4 и 5.септември, додека првиот дуел во ЛШ ќе го одиграме во периодот од 11-15.септември.