Денес стартува 15.издание на силниот меѓународен фудбалски турнир „фудбалски пријатели“ кој ќе се одржува во градот Фоча (Бих).
На истиот учество ќе земат вкупно десет екипи, поделени во три групи. Се работи за турнир на кој ќе се натпреваруваат екипи составени од играчи кои се родени 2002 година. Учество ќе земе и Вардар, кој е дел од групата Б, во која се наоѓаат уште и екипите на Локомотива Москва ( Русија) и Црвена Ѕвезда ( Србија). Во групата А ќе бидат екипите на Крилја Советов ( Русија), Марибор ( Словенија) Будуќност и Сутјеска ( Црна Гора), додека групата Ц ја сочинуваат екипите на Мол Види ( Унгарија), Железничар ( БиХ) и Ријека ( Хрватска). За прв пат во историјата на овој турнир, ќе настапат екипи од Русија и Унгарија.
Турнирот ќе биде отворен со почеток од 17:00 часот, термин во кој ќе се сретнат екипите на Крилја Советов и Сутјеска, додека Вардар ќе игра во вечерниот термин од 19:30 часот, противник е екипата на Црвена Ѕвезда.
Распоред за прво коло:
Крилја Советов – Сутјеска 17:00
Марибор – Будуќност 18:15
Црвена Ѕвезда – Вардар 19:30
Ријека – Железничар 20:45
Вардар ќе биде слободен во текот на утрешниот ден, додека вториот меч од групата ќе го одигра во сабота, против екипата на Ломомотива Москва, во утринскиот термин од 09:30 часот. Во недела е последниот натпреварувачки ден, за конечен пласман на турнирот.
Вардар успеал еднаш да го освои турнирот и тоа во 2006 година, додека последниве три години трофејот заминува во рацете на играчите од Ријека.