Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Академија Пандев, недораснат противник за кадетите на Фк Вардар
Академија Пандев, недораснат противник за кадетите на Фк Вардар

Академија Пандев, недораснат противник за кадетите на Фк Вардар

ФК Вардар (У18) се врати на победничките патеки. После несреќниот пораз во минатото коло од екипата на Металург, оваа генерација денес забележа победа против своите врсници од Струмица. Натпреварот заврши со триумф на нашите надежи со резултат 4:0. Ердон Даци погоди два пати, по еднаш во листата на стрелци се запишаа и Виктор Димков и Теодор Димитровски.

Првиот неуспех од пред пет дена, не ги разниша избраниците на Љупчо Марковски, кои уште на полувреме имаа добра предност од 2:0. Поседот на топка и доминацијата беше на наша страна. Противникот речиси и да немаше посериозна шанса кон нашиот гол. Во вториот дел беа постигнати уште два погодоци, со што беше запечатен нов триумф. Ова е вкупно 11 победа за кадетите, со четири нерешени дуели и само еден пораз, без конкуренција го држат врвот на табелата. Сега предноста е плус девет бода, пред одигрување на мечот на Металург.

Во следното коло, повторно играме на домашен терен, против екипата на Ренова.

Фото:ТК Медиа