Младинците на Фк Вардар конечно им се вратија на победите во првенството. Ова е прва нивна победа во пролетниот дел, откако денес на домашен терен ја победија екипата на А.Пандев, со резултат 2:1. Стрелец на двата гола беше Филип Стојановски.
-Одигравме еден извонреден натпревар, на кој пресуди нашата желба и борбеност. Имавме пред себе квалитетен противник, кој е на второто место на табелата. Се играше еден допадлив фудбал, со шанси на двете страни. Го преносовме на терен тоа што го бараше од нас тренерот Ѓоргиевски и овој пат среќата беше на наша страна, за разлика од претходните натпревари.
Мечот го добија со пресврт, по водството на гостите од 0:1, црвено-црните собраа сили за подвиг и победа од 2:1.
-Иако примивме несреќен авто гол не се откажавме и на крајот тоа вроди со плод. Направивме пресврт, за на крај заслужено да славиме. Најбитно е што се вративме на победите. Сега со голема самодоверба ќе одиме на победа и против екипата на Ренова од Тетово, изјави голманот на црвено-црните Мирза Дураковиќ за нашиот сајт.
Звонко Ивановски
Фото: ТК Медиа