Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки ја потврдија класата, тимот од Автокоманда достоен противник само едно полувреме
Вардарки ја потврдија класата, тимот од Автокоманда достоен противник само едно полувреме

Вардарки ја потврдија класата, тимот од Автокоманда достоен противник само едно полувреме

Вардарки за само два дена одиграа уште еден натпревар и денес успешно го завршија денот, со победа против екипата на Металург. Само во првите 30 минути, тимот од Автокоманда беше достоен противник, каде одржуваше резултатска неизвеснот. На пауза се замина со резултат 14:12.

Во второто полувреме влеговме многу поангажирано, со сериозен пристап пред се на играта во одбраната. Металург не успеваше цели дванаесет минути да го пронајде патот кон нашата мрежа. Тоа успешно го искористија црвено-црните за да направат серија од 6:0 и да се одлепат на поголема разлика. Овој период и беше клучен за конечниот победник на овој меч. Како се ближеше крајот, така ја зголемувавме и предност. Конечниот резултат гласеше 33:22

Три ракометарки кај нас имаа по 6 голови. Кликовац и крилата Дембеле и Радичевиќ. Во гостинскиот тим, највеќе се истакна Сара Ристовска која постигна 10 голови.

Вардар: Лејно, Петковска, Радичевиќ 6, Стојановска, Гакидова, Николиќ, Дембеле 6, Сокач 3, Алтхаус 2, Кликовац 6, Пенезиќ 3, Черноиваненко 1, Ихнева 2, Лекиќ 4, Грбиќ.

Фото:Жрквардар мк.