Помладите пионери победнички се вратија од гостувањето во Струмица, каде успеаа да забележат многу важен триумф. Совладана беше екипата на Академија Пандев на свој терен со резултат 2:3. По првото полувреме беше нерешено 1:1. Стрелци на головите за црвено-црните беа Марко Ѓоргиевски, Кренарт Дардиша и Мартин Филипоски.
-Ова е победа , која ни е многу важна во борбата за титулата. Имавме повеќе шанси но не ги искористивме. Тие имаа само две вистински прилики и успешно ги реализираа. Се до 85 минута, резултатот беше нерешен 2:2. Но во вистински момент по една додадена топка од моите соиграчи, излегов сам со противничкиот голман и реализирав прецизно. Требаше овој триумф да биде изразен со повеќе голови, но сепак сме задоволни што ги освоивме трите бода, изјави Марко Ѓоргиевски за Вардарфанс.
Звонко Ивановски