Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки го “декласираа“ Жито Прилеп“ и теоретски ја осигураа титулата во првенството
Вардарки го “декласираа“ Жито Прилеп“ и теоретски ја осигураа титулата во првенството

Вардарки го “декласираа“ Жито Прилеп“ и теоретски ја осигураа титулата во првенството

Девојките на Кастратовиќ и Питлик одиграа нов натпревар во Супер-лигата и забележаа убедлив триумф против екипата на Жито Прилеп. На четири кола пред крајот, теоретски ја обезбедија титулата во националното првенство. Трета сезона по ред, Жрк Вардар станува шампион на Македонија.

Иако настапи со својот втор тим, тоа не им сметаше на црвено-црните да забележат нова убедлива победа. Конечниот резултат гласеше 43:26. Разликата во квалитет беше очигледна на теренот. Индира им даде шанса за настап повторно на младите ракометарки засилени со Ихнева, Кликовац и Черноиваненко. Уште по првото полувреме беше навестена големата победа, кога на пауза се замина со висока предност од 25:12. Во вториот дел само се зголемуваше водството, за на крај да биде изразено со плус 17 погодоци.

Грбиќ беше најефикасна со 8 голови.Кликовац постигна 7 голови, еден помалку зад името на Ихнева. Митова и Стојановска вкупно заедно постигнаа 9 голови. Голманскиот тандем го сочинуваа Лејно-Петковска и Мицевска. Сепак многу помладите, добија шанса да го чуваат голот на овој дуел.

Вардар: Петковска, Лејно, Божиновска 1, Стојановска 4, Гакидова 3, Митова 5, Мицевска, Кликовац 7, Георгиевска 3, Черноиваненко 3, Николовска 2, Ихнева 6, Вељановска 1, Грбиќ 8.

Фото:Жрквардар мк.