Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Одот кон титулата продолжува Вардар-Металург недела 18-00 Арена Филип II
Одот кон титулата продолжува Вардар-Металург недела 18-00 Арена Филип II

Одот кон титулата продолжува Вардар-Металург недела 18-00 Арена Филип II

По победата во градското дерби кога со дирекниот конкурент ФК Работнички остваривме победа и се одлепивме на плус шест бода следи првото коло од завршните пет плеј-оф кола. Противник според системот во ова коло е најслаборангираниот тим од секцијата 1-6 која игра во плеј-офот.

Мечот со ФК Металург е закажан за недела 3ти Мај во вечерен термин со почеток во 18-00 часот на Арената Филип Втори . Црвено-црните со победа ќе си ја овозможат шансата веќе во среда дома со шампионот Работнички да ја потврдат својата титулата и со тоа официјално и теоретски да бидат  на три кола до крај прваци.  Во рамките на третиот круг во кој истот така Вардар беше домаќин натпреварот со екипата од Железарница заврши со тесна победа 2-1 во меч во кој црвено-црните ја ризикуваа истата , но за среќа неколкуте обиди за израмнување во финишот од гостите не беа успешни.