Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > “Вардарци“ со настапи за своите ракометни репрезентации
“Вардарци“ со настапи за своите ракометни репрезентации

“Вардарци“ со настапи за своите ракометни репрезентации

Вчера се играа натпревари во рамките на квалификациите за Европското првенство, кое во 2016 година ќе се одржи во Полска. Играчи на Вардар беа дел од своите национални селекции кои се борат за настап на ова Европско првенство.

Македонската ракометна репрезентација “машки“ загуби од актуелниот светски првак, селекцијата на Франција, со резултат 25:27. Малку фалеше на крај да направиме големо изненадување и да освоиме бод на овој дуел. Од момците кои го носат дресот на Вардар, забележителна улога имаа, одличниот на голот Ангелов-Диви кој на крајот заврши со 11 успешни интервенции. Стоилов го понесе најголемиот товар на својата позиција, каде водеше голема борба со браќата Карабатиќ и Сорондо. Зад неговото име беа запишани 4 голови. На овој дуел, настапија и Филип Лазаров и Немања Прибак.

Дерби на денот беше мечот помеѓу селекциите на Германија и Шпанија. Германците во драматичен финиш успеаа да ја однесат победата од овој дуел. Она што е интересно за нас е настапот на Алекс Дујшебаев кој постигна 2 голови. Арпад Штербик се врати на голот на Шпанската репрезентација, но не помогна да се избегне пораз. Нашето ново големо засилување, Хорхе Македа беше еден од најдобрите поединци на својот тим, заврши како втор стрелец со вкупно 4 постигнати голови.

Непријатен пораз доживеа и Игор Карачиќ со Хрватската репрезентација. Слично како Шпанците и Хрватите загубија со еден гол разлика на гостувањето во Норвешка. Неславно деби имаше новиот селектор Жељко Бабиќ. Карачиќ имаше солидна минутажа, постигнувајќи 3 голови за својата репрезентација.

Сепак најлошо помина столбот на одбраната на црвено-црните, Илија Абутовиќ кој со Српската репрезентација претрпеа вистински дебакл од Исланд. Конечниот резултат гласеше 38:24. Иако нашиот сосед располага со многу квалитетни ракометари, сеуште оваа селекција се мачи и неможе да се пронајде себе си. Ниту смената на селекторите не помага во оваа селекција. Абутовиќ еднаш се запиша во листата на стрелци, а потенцијалниот нов играч на Вардар Марсениќ беше најефикасен, постигнувајќи 7 голови од 8 обиди.

Денес ќе се одигра уште еден дерби натпревар помеѓу репрезентациите на Русија и Унгарија. Дибиров, Шишкарев и Чипурин ќе се обидат да го поразат Талант Душебаев, кој е селектор на Унгарската репрезентација. Има најава дека Горбок е повреден и дека нема да настапи на овој дуел.