23.11.22 е голем ден за сите љубители и приврзаници на ,,црвено – црните” бои.
Вечерва по повод роденденот и прославата на ФК Вардар, но и на навивачката група Комити, вардарова песна треба да ечи низ цело Скопје, низ сите улици во главниот град. Вечерва Скопје ќе биде преплавено од црвено – црни знамиња, шалови, дресови – со една цел, голем фудбалски спектакл и прослава на двата родендени.
Не дозволувај да ти раскажуваат или да гледаш клипови, собери ја екипата и дојди вечерва на Плоштад, а потоа и на Градски, каде ќе биде главната прослава организирана од ФК Вардар и Комити.
Нека Вардарова песна ечи низ цело Скопје!