Thursday ,09 February 2023
Последни:
Home > Uncategorized > Преглед 6.коло! КК Вардар е лидер на табелата
Преглед 6.коло! КК Вардар е лидер на табелата

Преглед 6.коло! КК Вардар е лидер на табелата

Шестото коло од Втората лига, не донесе некои сериозни промени, особено не на оние водечки позиции на табелата. Фаворитските екипи запишаа уште една победа.

Тоа се однесува за ГКК Охрид, кој во доста возбудлив натпревар, успеа да го скрши отпорот на младиот состав на Работнички 2018 (83:76).

До скор од пет победи и еден пораз стигнаа и кошаркарите на Вардар, сега со убедлив триумф во дуелот протил локалниот ривал Шкупи, повеќе од убедливо (93:57).

А исте е и ефектот на екипата на Соколи 1933, штипјани со уверливи (83:68) го совладаа Водно Санс.

Прв триумф во новата сезона остварија и кошаркарите на Борец Баскет. На домашен терен, во Велес, го победија струшки Црн Дрим, и тоа убедливо, со (100:64).

Чекор со водечките екипи држи и екипата на Ангели која во интересен меч беа подобри од уште еден млад состав, оној на МЗТ Скопје Уни Банка (94:89).

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО

ГКК Охрид – Работнички 2018 83:76

Вардар – Шкупи   93:57

Ангели – МЗТ Скопје Уни Банка          94:89

Водно Санс – Соколи 1933       68:83

Борец Баскет – Црн Дрим         100:64

Баскет Кам – МКК Куманово    69:73

ТАБЕЛА: Вардар 11, ГКК Охрид 11,  Соколи 1933 11, Ангели 10, МКК Куманово 10, МЗТ Скопје Уни Банка 9, Работнички 9, Водно Санс 8, Баскет Кам 8, Шкупи 8, Борец Баскет 7, Црн Дрим 6;

ИДНО КОЛО (26.11)

МЗТ Скопје Уни Банка – ГКК Охрид

Црн  Дрим – Вардар

Работнички 2018 – Борец Баскет

Соколи 1933 – Ангели

Шкупи – Баскет Кам 2011

МКК Куманово – Водно Санс