Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Дојде денот, сите на стадион!
Дојде денот, сите на стадион!

Дојде денот, сите на стадион!

Дојде и овој ден. Денеска од 16 часот ФК Вардар го игра клучниот натпревар во борбата за титулата оваа сезона во првата македонска фудбалска лига. Црвено – црните момци се спремни да го остават срцето на терен и да ја израдуваат црвено – црната армија навивачи кои ќе дојдaт да ги бодрат на Градскиот стадион во текот на целите 90 минути. Вардар знае, и мора да победи на овој натпревар, имаме поквалитетен тим и тоа мора да го докажеме денеска.

На нас Вардаровите навивачи преостанува да се упатиме кон Градскиот стадион во што поголем број и да му дадеме дополнителна поддршка на нашиот тим кон целта. Билетите се по симболична цена од 100 денари, набавете си билет навреме и дојдете да навиваме заедно за Вардар во походот кон нова титула во ПМФЛ. Напомена: Билетарата ќе работи до 15 часот и 45 минути, дојдете навреме и набавете билет.

Се гледаме на стадион, играј Вардар за нас!