Екипата на РК Вардар Јуниор ги започна натпреварите во плејаут фазата од ракометната супер лига. На гостувањето во салата Автокоманда, избраниците на Пепи Манасков беа подобри од екипата на Металург 2. Конечниот резултат гласеше 19:28.
Вардарци имаа постојана предност во текот на целиот натпревар, не дозволувајќи на противникот ниту во еден момент да го преземе водството. Домашната екипа се држеше само во првите четири минути кога резултатот беше израмнет на 2:2, по што следуваше серија на црвено-црните од три последователни гола, за прво поосетливо водство од 2:5. Вардар беше далеку поквалитетен на теренот, што го покажа со играта во наредниот период. Следиме нова голема серија на нашиот состав, кога од 4:6 успеваме да постигнеме пет гола не дозволувајќи на противникот да погоди, за нови високи 4:11 на семафарот. Имавме и предност од 6:14, но Металург 2 со серија од 3:0 успева на полувреме да замине со помала негатива 9:14.
Второто полувреме започна со два наши гола, за водство од 9:16. Оваа разлика ја одржуваме во текот на целиот втор дел. Во последната минута стигнавме и до двоцифрена предност 18:28, сепак Металург 2 го постигна последниот гол, за конечен резултат од 19:28.
Вардар јуниор: Чаневски, Ивановски, Филиповски, Костовски 3, Спасовски 1, Георгиевски 3, Тренчевски 2, Чурлевски 2, Ангелов, Јовчевски, Андовски 1, Ристов 8, Манасков 2, Поповски 2, Вујачиќ 3, Давитковски 2.