Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Академија Пандев е овојувач на купот, Струмичани подобри од црвено-црните во неизвесно финале
Академија Пандев е овојувач на купот, Струмичани подобри од црвено-црните во неизвесно финале

Академија Пандев е овојувач на купот, Струмичани подобри од црвено-црните во неизвесно финале

Денес се одигра финалето од купот на Македонија, во конкуренција на младинци. Екипата на Академија Пандев е новиот освојувач на купот, откако во големото финале беше подобра од Вардар. Еден гол го реши овој меч, кој беше дело на екипата од Струмица.

Тренерот Љупчо Марковски започна со следниов состав: Трајчевски, Јошевски, Исмаил, Личина, Додевски, Тасески, Димитровски, Даци, Кремчески, Ричков, Апостоловски.

Првиот удар го имаше Академија Пандев, која биеше над голот на Филип Трајчевски. Црвено-црните првата шанса ја имаа од корнер, откако со глава биеше Ричков покрај противничкиот гол. Се обиде и Дарко Додевски кој шутира исто така покрај голот на А. Пандев. Струмичани од слободен удар упатија удар, но резултатот останува непроменет. Во следниот период нашите младинци ја имаа иницијативата на теренот. Најативниот наш играч во првото полувреме, Ердон Даци тоби топка се сам направи, но завршниот удар завршува во рацете на голманот.  Нов прекин и слободен удар за противникот, но повторно непрецизно. А. Пандев имаше убава прилика, се играше акција од десната страна, уфрлија топка во нашиот шеснаесетник, во псоледен момент исфрла од гол линијата еден од нашите дефанзивци. Вратија црвено-црните на спротивната страна, од десната страна започна акција уфрливме топка, но на неа беше прекраток Кристијан Апостоловски. Последната прилика ја имаше Даци, голманот на А. Пандев брани и исфрла во корнер. Првото полувреме заврши без голови 0:0.

vardarfans kup

Замена во второто полувреме во редовите на Вардар. Теодор Димитровски не можеше да го продолжи мечот поради повреда, а негвото место влегува недеволно опоравениот Виктор Димков. Капитенот Личина се обиде да изненади од слободен удар, но високо над противничкиот гол. Нашиот голман Филип Трајчевски на два наврати успешно брани. Одлична прилика се створи за нашиот состав, од десната страна истрча Кремчевски упати топка во противничкиот простор, наиде Даци кој бие далеку од голот на А. Пандев. Сепак противникот успева да поведе, одличен удар во аголот, немоќен беше Трајчевски за водство од 1:0.