Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > 10-та титула ја заверивме со победа над Работнички
10-та титула ја заверивме со победа над Работнички

10-та титула ја заверивме со победа над Работнички

Денес се одигра последното коло во првата лига, Вардар како гостин играше со Работнички. Седлоски се одлучи очекувано за комбиниран состав. Во составот беа: 90. Гачевски, 4. Мијушковиќ, 5. Таневски(К), 8. Спировски, 11. Асани, 14. Велковски, 20. Николов, 26. Денковски, 32. Глишиќ, 77. Брдаровски, 97. Петковски
Првите воведни десетина минути мирна игра на двете страни. Првите шанси ги имавме преку Петар Петковски кој имаш два соло продори. Николов во 18 минута упатува опасен удар кој голманот Шишковски го исфрла во корнер. Во 20 минута Гачевски одлично интевенира по слободен удар за домаќините. Во 27 минута се обиде Брдаровски од 25 метра одкосо, но Шишковски повторно исфрла во корна. По оваа шанса следуваше мирна игра двете екипи играат крајно општено бидејќи мечот е без резулатско значење. Николов со шанса во 41 минута , но за жал топката завршува повторно во нов корнер за црвено-црните. Косовскиот интернационалец Сахити  се обиде во 43 минута , но топката мина крај голот на Гачевски. Во 44 минута пенал над Николов, успешно реализира капитенот на денешниот меч Таневски кој одлично шутна крај левата статива. 
Вториот дел го почнавме во дефанзива, Работнички имаше неколку прилики ама одлично брани Гачевски кој покажува класа. Седловски веднаш реагира и го вади од игра Дарко Велковски на негово место го внесува најдобрито црвено-црн играч оваа сезона Алвес Рибериро Хуан Фелипе. Вардар во продолжението трга офанзивно, веднаш преку одличниот Петковски имаме шанса , но и оваа топка ја исфрлаат во корна. По изведувањето на истата се обиде Асани крај голот. Николов се обиде од 20метра во 60 минута. Денковски во следната минута кој денес го имаше својот деби настап ја напушта играта и на негово место влегува Дашјан. Голема шанса пропушта Асани по центаршутот на Николов во 62 минута. Вардар има уште две прилики за гол преку Асани и една преку Дашјан. Во игра влегува и Љамчевски на место на денес одличниот Петар Петковски. Обидот на Фелипе во 75 минута завршува во корнер, од како домашната одбрана е на  нивото на задачата. Комити од јужната трибина ја поздравуват новата титула, тие истакнаа парола “ Во ова легло, шампион си -Седло“. Николов во 80 минута одлична шанса од слободен Шишковски исфрла во нова корна. Гачевски одличен на нашиот гол денеска,  покажува дека е одличен парнер на Пачовски во голманското дуо кое го поседува Вардар. Вардарци рутинирано го приведуваат овој меч без посебно значење до крајот.
По крајот на мечот Пехарот за оваа 10-та титула ќе биде врачен на нашиот капитен од фудбалската федерација на земјава.