Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Барсегјан ќе игра на Чаир!?
Барсегјан ќе игра на Чаир!?

Барсегјан ќе игра на Чаир!?

Според информациите до кои дојде „Вардар Фанс“, многу веројатно е дека во сабота на Чаир тренерот на „црвено – црните“ Васоски, ќе може конечно да смета на најдобриот свој играч, Тигран Барсегјан.

Барсегјан поради јасни причини го нема во тимот веќе пет натпревари. Од кога е во „аут“ нашиот напаѓач, Вардар забележа само две победи и има големи потешкотии да постигне погодоци.

Истото важи и за Максим Максимов, кој исто така поради исти причини го нема во тимот подолго време.

Се надеваме дека ќе биде се како што треба и дека во сабота Вардар ќе биде значително засилен на Чаир.