Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Георг Стојановски со хет-трик донесе триумф за пом.пионери, Вардар во вториот дел ја “прегази“ Брегалница
Георг Стојановски со хет-трик донесе триумф за пом.пионери, Вардар во вториот дел ја “прегази“ Брегалница

Георг Стојановски со хет-трик донесе триумф за пом.пионери, Вардар во вториот дел ја “прегази“ Брегалница

Помладите пионери на убедлив начин се вратија на победите во рамките на одложеното коло од помладата пионерска супер лига. Утрово на теренот на Академијата, избраниците на Филип Деспотовски ја совладаа екипата на Брегалница со резултат од 4:1.

Вардар: Јовчев, Ѓорѓиевски, Јовановски, Стојчевски, Ѓорѓоски, Трпезановски, Алими, Стојановски, Мирков, С.Стојановски, Прелоговски.

Работите не одеа најдобро за нашите млади надежи кои по првото полувреме имаа негатива од еден гол, односно екипата од Штип по првите 40 минути беше во предност од 0:1 со гол во 25 минута. Во вториот дел гледавме еден сосема поинаков Вардар и оној вистинскиот од почетокот на сезоната. Црвено-црните направија голем резултатски пресврт во вториот дел и постигнаа за краток период дури четири голови, од кои три беа дело на Георг Стојановски. На самиот старт на второто полувреме, во 41 минута со својот прв гол денес Георг Стојановски донесе израмнување на 1:1, што влеваше верба дека можеме да стигнеме до триумф. Само девет минути подоцна истиов играч успеа да донесе водство на Вардар од 2:1 и да направи резултатски пресврт. Ова беа можеби најдобрите минути кои ги одигра оваа генерација оваа сезона. Голем притисок кон голот на Брегалница, едноставно гостинскиот тим “капитулираше„ пред нашите напади. Харун Алими беше играчот кој донесе посолидно водство од 3:1 и тоа само после две минути од водечниот гол на Гео. Не застанавме тука, бевме желни за надигрување, а штипјани примија уште еден гол во нивната мрежа, за хет-трик на Георг Стојановски, кој ги постави конечните 4:1 на овој заостанат натпревар.

Во игра влегоа уште и Давидовски, Живков, Андрески, Петрушевски, Марковски и Ќосески.

Ова беше петта победа за помладите пионери и со овој триумф ја потиснавме Брегалница под нас на табелата, која пред овој меч имаше два бода повеќче од Вардар. Во следното коло на домашен терен ја пречекуваме екипата на Македонија Ѓ.П.