Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2007 продолжува со 100% ефект во детската лига, денес забележавме победи над Албарса и Албион
ФК Вардар генер.2007 продолжува со 100% ефект во детската лига, денес забележавме  победи над Албарса и Албион

ФК Вардар генер.2007 продолжува со 100% ефект во детската лига, денес забележавме победи над Албарса и Албион

ФК Вардар генерација родени 2007 продолжија да “газат“ во детската лига тие имаат досега 100% ефект. Момците на Горан Петревски-Чунга денес на дуелите на терените во Ново Лисиче, на комплексот на ФФМ дојдоа до две победи со своите ривали.

ФК Вардар-2 го совлада тимот на Албион со резултат 3-2 (2-1) Дуелот го започнавме со наша офанзива, но за жал со примен гол потоа, ривалот на почетокот отвори со 0-1. Голема прилика имаа и да го удвојат водството, сепак на нашиот гол фантастичен беше Даниел Исајловски. Противникот изведе пенал тој го одби во поле, топката дојде до нивниот напаѓач кој упати силен удар сепак нашиот чувар на мрежата беше максимално сконцетиран. Набрзина потоа дојде казна за овој примашен казнен удар, најпрвин ние преку Џулијан Битиќи изедначивме на 1-1. Потоа Лука Рајчин одлично погоди за пресврт и наше водство со 2-1 на оваа средба. До крајот Џулијан имаше уште една сериозна прилика која беше исфрлена во 3та корна, судијата го занемари тој факт и не ни досуди пенал. Арбитражата беше далеку под потребното ниво за еден фудбалски дуел.

1618

Вториот дел почна со напади на противникот, нововлезениот голман Јовица Спасовски фантастично отвори со две прекрасни одбрани во овој дел. Казната за нивните промашувања им ја “испорача“ Лука Рајчин со удар од дистанца постигна еден навистина убав погодок за 3-1. Имавме три прилики потоа кои не ги претворивме во гол,  се обидоа Златко Радевски во два наврата и Иван Блажевски. Во финишот противникот успеа само да намали на 3-2, токму со овој резултат се оконча натпреварот.

08

ФК Вардар-1 ја наполни мрежата на ФК Албарса, во првиот дуел утринава дојдовме до висока победа со резултат 8-1. На оваа средба доминиравме во сите аспекти на фудбалската ира, имавме контрола на натпреварот уште на почетокот. Нашата победа се назираше уште по крајот на првиот дел кога заминавме на одмор со високи 4-0 во наша корист. Противникот неуспеваше да се закани воопшто дотогаш.

Вториот дел беше формалност успеавме да погодиме уште четири пати,а на цел меч примивме само еден погодок. Нашата победа дојде со високи седум гола предност, односно со резултат 8-1. За нас стрелаа четири различни момци, три гола беа дело на Стефан Малденовски, по два гола дадоа Александр Грашевски и Милош Спaсовски, а еден погодок постигна Џулијан Битиќи на оваа средба.