Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Пасквал: Играњето во Скопје е едно од најтешките гостувања во Европа
Пасквал: Играњето во Скопје е едно од најтешките гостувања во Европа

Пасквал: Играњето во Скопје е едно од најтешките гостувања во Европа

Денес со почеток од 17:00 часот, Вардар на домашен терен ја пречекува екипата на Барселона, во рамките на 7.коло од Лигата на Шампионите во најсилната група А. Двете екипи освоија по идентични 10 бодови, па победникот од овој дуел ќе застане на првото место на табелата. Во пресрет на денешниот меч, противничкиот тренер, Чави Пасквал истакна дека играњето во Скопје е едно од најтешките гостувања во Еропа.

-Вардар направи неколку промени во играчкиот состав, но ја задржа силата. Фактот дека имаат пет победи и само еден пораз покажува на кое ниво е нивната игра. Ова дефинитивно е едно од најтешките гостувања во Европа и затоа мора да одиграме максимално сконцентрирани и да нема опуштање во текот на сите 60 минути, истакна Пасквал.