Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Игор Алексовски за посилен гол на Вардар

Игор Алексовски за посилен гол на Вардар

13138738_1110862872304303_6693276882782168819_n

Според нашите информации младиот талентиран голман на Македонија ЃП Игор Алексовски ќе биде новото засилување за црвено-црните. Тој деновите треба да стави потпис на договор со клубот и да се приклучи на Вардар на подготовките во Австрија. Алексовски оваа сезона го сврте вниманието кон себе, со исклучително успешните настапи пред се во дресот на македонската репрезентација до 21 година која бележи историски успеси во квалификациите. Младиот Алексовски многумина го запознаа со искулучително квалитетните партии против големата Франција во квалификациите. Игор е роден на 24 февруари 1995 година, што значи дека има само 21 годинa. Алексовски оваа сезона покрај одличните настапи за репрезентацијата до 21 година, имаше исклучително добра сезона и во неговиот тим Македонија ЃП, кој и таму беше еден од најзаслужните што неговиот тим се врати во првата македонска фудбалска лига.

Алексовски покрај настапите за у-21, предходно го носеше и дресот на Македонија до 19 години. Доколку ФК Вардар го доведе овој млад и талентиран голман, а, е многу блиску до тоа, ќе добие играч кој пред се ќе биде силна конкуренција за Томе Пачовски, но и ќе го подмлади тимот. Да не заборавиме дека Вардар во овој момент има уште двајца голмани а тоа се: Гачевски и Кобетиќ. Кобетиќ е на излезна врата од клубот.