Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Започнуваат елиминационите натпревари во детската лига
Започнуваат елиминационите натпревари во детската лига

Започнуваат елиминационите натпревари во детската лига

Веќе од денес започнуваат елиминационите натпревари во детската фудбалска лига. Познати се противниците за сите Вардарови екипи, против кои ќе разигруваат за едно од првите две места во скопскиот регион, кои на крај ќе носат учество на завршниот турнир на кој ќе учествуваат осум екипи.

Први своите натпревари од разигрувањето ќе ги започне ФК Вардар генерација родени “2002“ кои својот натпревар го играат денес со почеток од 17 часот на терените на ФФМ. Противник ќе ни биде екипата на Албарса. Доколку излеземе како победници на овој дуел, во четврток ќе играме со екипата на Скупи, која беше подобра во дуелот со Работнички. Победникот од тој меч ќе го даде еден од патниците на завршниот турнир од нашиот регион, во оваа категорија.

Во сабота елиминационите натпревари ќе ги започнат и генерациите на Вардар, родени “2003“ и “2004“ година. Избраниците на Ане Андовски во првиот натпревар ќе играат против екипата на Шкупи, со почеток од 11 часот. Доколку го добиеме овој меч, во решавачкиот дуел ќе се сретнеме со подобриот од дуелот Њу Старс – Милано. Овој натревар ќе биде одигран исто во сабота од 14 часот. Генерација “2004′ ќе настапи со двете свои екипи. Вардар (1) за противник го има тимот на Шкупи (09:00), додека Вардар (2) ќе ги одмери силите со екипата на Албион. Добро е што доколку ги поминеме овие екипи, во решвачкиот меч за пласман на завршниот турнир двете Вардарови екипи ќе избегнат меѓусебен дуел.

Тоа нема да биде случај во генерацијата родени “2005“ година. Исто и тука ќе имаме две екипи, кои ќе се се борат за учество на завршниот турнир, но таквата чест ќе може да ја има само една екипа на Вардаровата генерација “2005“. Вардар (1) ќе ира со Албарса (09:45), додека Вардар (2) против Скупи (09:00). Доколку победиме во двата натпревари на кои сме фаворити, двете екипи на Вардар ќе се сретнат во следниот елиминациски натпревар.

Во генерацијата за момчиња родени во “2007“ година имаме две екипи кој ќе се најдат елиминациски натпревари. Екипара на ФК Вардар (1)  ќе се сретне со тимот на Македонија Ѓорче Петров на 14 мај со почеток во 15-00 часот во сабота. Екипата на ФК Вардар (2) истиот ден од 16-10 часот ќе се сретне со екипата на Скупи (2).

Младите вардарци предводени од Игор Кралевски момчињата родени “2006“ година ќе настапат истиот ден во сабота после завршувањето на натпреварите за генер.2007. ФК Вардар (1) за свој противник ја доби екипата на Работнички (2) овој меч е закажан со почеток во 18-20 часот. Другата екипа од оваа старосна генерација ФК Вардар (2) ќе одигра дуел со екипата на Милано во 19-30 часот.