Денес своите мечеви од разигрувањето во детската лига ги започна ФК Вардар генерација “2002“. Тие одиграа натпревар денес на терените на ФФМ, противник ни биде екипата на Албарса на која и нанесовме пораз . Бидејќи излеговме како победници на овој дуел, утре (четврток) ќе играме со екипата на Скупи, која беше подобра во дуелот со Работнички. Овој меч ќе се игра на истиот терен во 17-30 часот. Победникот на утрешниот меч ќе го даде еден од патниците на завршниот турнир од нашиот регион, во оваа категорија. Стартуваме со следните момци на денешниот меч: СТанковски, Костовски (к), Симев, Ѓурковски, Ѓорѓиевски, Трајановски, Шабани, Илиевски, Гугуљанов, Игнатов, Речица.
Не се чекаше многу на првиот погодок, откако поведовме со голот на капитенот Далибор Костовски. Изведовме корна, сакајќи еден од противничките играчи да избие, топката се одби од Костовски за 1:0. Се обидовме и преку Дамјан Трајановски, кој шутираше покрај гол. Енес Шабани беше следниот кој шутираше, но само во рацете на противничкиот голман. Нов погодок на мечот за предност на црвено-црните од 2:0. Започнавме акција од десна страна, Речица асистираше за Игнатов кој ја погоди мрежата на Албарса. Конечно прв удар и за противникот и тоа од слободен удар. Несигурна интервенција на Станковски, но за среќа навремено ја остранивме опасноста. Во следната акција, Вардарци се обидоа преку Игнатов чиј удар е одбранет. Пред да постигнеме трет погодок убава прилика за Илиевски, кој доби топка од Игнатов, но противничкиот голман се најде на среќното место и спречи погодок. Веќе во следната минута Игнатов погодува за 3:0, повторно на асистенција од Речица. Вардарци доминираа на теренот, што резултираше со нов гол, за предност од 4:0. Илиевски доби топка од средината на теренот се ослободи од противничкиот играч избива сам со голманот на Албарса и успешно стрела. До крајот на првиот дел Албарса успева да намали на 4:1, што беше резултат на полувреме.
Во вториот дел по еден гол постигнаа двете екипи иако нашите млади надежи имаа четири “сто проценти“ шанси за поубелив триумф. Прв обид имаше Шабани Инес кој шутираше одлично, но голманот исфрли во корнер. Во следната акција по нафрлена топка од левата страна која стигна до Речица тој упатува удар крај голот на Албарса. Прва убава прилика во овој дел од натпреварот за Марио Илиевски кој од неколку метри биеше со глава, сепак голманот одлично брани. Казната за промшувањата на нашите момци стигна на спротивната од како по невнимание на одбраната Албарса намали на 4-2. Црвено-црните по примениот гол продолжија со офанзивна игра. Илиевски повторно се најде во добра прилика, но ова момче во вториот дел немаше среќа да постигне погодок. Во следните десет минути имавме уште неколку обиди за гол, но сите беа не успешни. Денес можеби најактивниот играч во составот на Вардар, Игнатов се најде во шанса по претходна асистенција на Ѓурковски, но резултатот остана непромент. Се играа последните 120 секунди од мечот кога Виктор Крстевски погодува за 5-2 со што го постави конечниот резултат.