Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Металург утре ќе биде домаќин на пионерите и пом.пионери на ФК Вардар
Металург утре ќе биде домаќин на  пионерите и пом.пионери на ФК Вардар

Металург утре ќе биде домаќин на пионерите и пом.пионери на ФК Вардар

Утре црвено-црните пионери и помлади пионери ќе ги одиграат двата одложени гостински мечеви со екипата на Металург. Ова се дуели од дваесетото коло од нивната конкуренција и истите според распоредот требаше да се изиграат изминатиот викенд, но пионерските екипи на Металург играа меѓународни мечеви заради кој дојде до ова поместување.

Шампионите во Купот пионерите на ФК Вардар кои вчера се крунисаа со пехар со победа утре во дуелот со “зелено-белите“ врсници кој е закажан во 16-00 часот ќе се вратат на лидерската позиција од табелата која привремено ја “препуштија“ на Шкупи 1927 кој веќе го одиграа мечот во 20.коло и победија.  Нашиот противник моментално на табелата е седмопласирана екипа. Во есенскиот дуел на овие два тима кој  се одигра на теренот на Локомотива нашите  пионери победија со резултат 3:1. Марко Ѓоргиевски постигна два гола и еден дело на Јакуп Бериша. За напомена пионерите на Вардар  обезбедија финале во купот на Македонија, одкако на теренот на Железарница во реваншот избраниците на Сашо Тодоровски им одржаа вистинска лекција по фудбал на своите врсници од Металург, совладувајќи ги со високи 4:0. Тоа беше најава за големиот успех во финалето ако се земе дека на домашниот меч со Металург во купот одигравме 0-0 во купот.

Помладите пионери предводени од Сашо Јанев со меч помалку се наоѓаат на делба на втората позиција со врсниците од Шкендија со по 48 бода. Со победа утре над домаќинот  Металург во мечот кој ќе се одигра во 14-00 часот ќе дојдеме само на бод негатива до моменталниот лидер во оваа конкурнеција ФК Работнички.  Нашите момци во есенскиот дуел кој беше  дерби на колото,  го победи Металург со резултат 1:0. Стрелец на единствениот погодок беше Ибрахим Ариф во 80 минута. Воедно со таа победа над Металург тогаш на   две кола до крајот на есенскиот дел, црвено-црните го обезбедија приматот есенски шампион.