Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Ивица Глигоровски:“Вардар лигата“ ќе претставува предизвик за сите деца, за нови докажувања, а желба на секое дете е да заигра за најголемиот клуб во Македонија
Ивица Глигоровски:“Вардар лигата“ ќе претставува предизвик за сите деца, за нови докажувања, а желба на секое дете е да заигра за најголемиот клуб во Македонија

Ивица Глигоровски:“Вардар лигата“ ќе претставува предизвик за сите деца, за нови докажувања, а желба на секое дете е да заигра за најголемиот клуб во Македонија

Најновиот проект на фудбалскиот клуб Вардар “Јуниор“ лигата во својата прва година како пробен проект успешно се изведува и реализира низ неколку градови на Македонија. Целта на нашиот клуб е лигава да добие што поголем замав и да се прошири низ целата територија. Во лигата се вклучени единаесет фудбалски школи, кои секој викенд имаат натпревари во различни возрасни генерации. Една од најновите школи, кои пролетва ја имаа честа да станат дел од овој проект е и екипата на Рудар Јуниор од Пробиштип. Оваа школа располага некаде со повеќе од 90 дечиња кои активно се занимаваат со фудбал и чија желба е еден ден да го облечат црвено-црниот дрес. Во наредниов текст ќе ве запознаеме со Рудар Јуниор и координаторот на оваа школа, поранешниот играч Ивица Глигоровски.

-Фудбалската школа Рудар Јуниор постои околу пет години. Се натпреваруваме во источниот регион на ФФМ лигата и сега во “Вардар Јуниор“ лигата.  Настапуваме со сите возрасни генерации, почнувајќи од генерација родени 1998 година, па се до дечиња родени 2007 година. Имаме и од најмладите родени 2008-2011 година кои не се вклучени во лигата и играат само пријателски натпревари. Инаку јас лично со оваа фунција се занимавам пет години.

Несомнено “Јуниор“ лигата нуди одлични услови, но и пред се можност за поголемо докажување и напредок кај сите оние кои сакаат во иднина да се занимаваат со фудбалот.

-Во “Јуниор“ лигата се вклучивме благодарение на моите добри пријатели уште од фудбалската кариера, тоа се Павел Неделковски, Александар Баевски и Сашо Милошевски, кои ми го предложија проектот на клубот и нивните планови со оваа лига. Не размислував многу и по крато време одлучив дека ова ќе биде одлична можност за напредување на дечињата од мојата школа.

Најдобрите деца од сите школи кои се натпреваруваат во “Вардар лигата“ ќе имаат можност да бидат дел од големото црвено-црно семејство и да заиграат за некоја од младинските генерации на ФК Вардар.

-“Вардар лигата“ ќе претставува предизвик за сите деца, за нови докажувања. Секако посилни и квалитетни натпревари ќе бидат можност да ги докажат своите квалитети пред скаутите на фудбалскиот клуб на Вардар, а желба на секое дете е да заигра за најголемиот клуб во Македонија.

vardarfans fudbalska junior liga

Како нова школа во пролетниот дел, Глигоровски истакна дека е прилично задоволен од играта и остварените резултати на своите деца.

-Од остварените резултати до овој период сум половично задоволен, бидејќи знам со каков квалитет располагаат децата во Рудар Јуниор. Земајќи го во предвид дека овие дечиња се среќаваат со нешто ново кое е на повисоко ниво, ми дава за право да бидам и целосно задоволен од постигнатите резултати. Сепак да да не заборавиме дека се работи за деца, кои допрва треба да учат и напредуваат, изјави Ивица Глигоровски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски