Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ОФИЦИЈАЛНО: Марјан Алтипармаковски е нов играч на ФК Вардар
ОФИЦИЈАЛНО: Марјан Алтипармаковски е нов играч на ФК Вардар

ОФИЦИЈАЛНО: Марјан Алтипармаковски е нов играч на ФК Вардар

ФК Вардар на својата официјална страница го претстави второто засилување во зимскиот преоден рок.

Искусниот 32 годишен напаѓач Марјан Алтипармаковски е нов играч на ФК Вардар кој ни доаѓа од екипата на Раднички Белград.

Во ПМФЛ досега има забележано164 настапи во кои има постигнато 41 гол. Во својата досегашна богата кариера има настапувано во екипите на Работнички, Брегалница, Струга, Пелистер (Македонија), a како интернационалец има настапувано и во Судува (Литванија), Лачи (Албанија), Инкер Запрешиќ (Хрватска), Панилиакос, Ксанти (Грција), Раднички Белград (Србија), Сараево (Босна), Пирин (Бугарија)

Во својата кариера има забележано и 13 настапи за младата репрезентација на Македонија.

Добредојде во црвено црното семејство Марјан!