Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Алтипармаковски и Ѓурковски се новите играчи во ФК Вардар
Алтипармаковски и Ѓурковски се новите играчи во ФК Вардар

Алтипармаковски и Ѓурковски се новите играчи во ФК Вардар

Искусниот Марјан Алтипармаковски е новиот играч во редовите на ФК Вардар. Се работи за доста искусно и проверено фудбалско име, кое низ годините има добри сезони во ПМФЛ.  Алтипармаковски доаѓа по желба на стручниот штаб и ќе биде задолжен да ја подобри ефикасноста на тимот.

Покрај него, во Вардар се враќа и Александар Ѓурковски.  Ѓурковски потекнува од школата на Вардар, игра на позицијата стопер, а враќањето му е од екипата на Тиквеш. И двајцата веќе се со екипата на подготовките во Гевгелија.

Инаку, што се однесува до преодниор рок – Вардар ќе се засили и со аргентинецот Франко, а вчера официјализиран е Дејан Ѓуриќ. Во игра се и уште низа на други засилувања. Дефинитивно  Марјан Ристовски отпадна од потенцијално засилување.