ФК Вардар на својата официјална страница го претстави првото засилување во зимскиот преоден рок.
25 годишниот српски дефанзивец Дејан Ѓуриќ е прво засилување за ФК Вардар во зимскиот преоден рок. Доаѓа од грузиската екипа Мерами, а во досегашниот тек на неговата кариера има настапувано за екипите на Раднички Сремска Митровица, Пролетер Нови Сад, ОФК Жарково и во нашата лига во екипата на Работнички каде има забележано 22 настапи во ПМФЛ.
Добредојде во црвено црното семејство Дејан!