ФК Вардар и оваа полусезона ја заврши на првото место на првенствената табела и ги остави конкурентите зад себе. Оваа прва етапа во нашиот тим ја одбележаа тројца играчи. Бобан Грнчаров и Хуан Фелипе можат да се пофалат со завиди бројки зад своето име. Двајца играчи оваа полусезона ги одиграа сите 18 натпревари, и не само тоа, туку не пропуштија ниту една минута од овие 18 натпревари. Во купот на Македонија, Вардар се пласираше во 1/2 финалето. Досега најмногу настапи во “црвено – црниот” дрес во купот забележа нашиот младински репрезентативец Бобан Николов. Николов ги одигра сите пет дуели.Листата на стрелците оваа полусезона во Вардар ја предводи црногорецот Дамир Којашевиќ. Којашевиќ оваа полусезона успеа да се запиште шест пати во листата на стрелците, додека пак Балотели беше стрелец на еден гол помалку, односно пет. Кога се во прашање жолтите картони, тука во “предност” е Стефан Спировски. Нашиот играч од средината на теренот досега има добиено пет жолти картони.
Кога се во прашање асистенциите, и тука прв е Којашевиќ. Дамир досега им асистрираше на четири наврати на своите колеги. Кога се во прашање пак слободните удари, тука нема дилема. Фелипе е вистински владетел на прекините.