Како што веќе е познато ФК Вардар го доби за противник тимот на Шкендија за полуфиналните натпревари во Купот на Македонија. Скопските црвено-црни “сонуваат“ за финале во најмасовното натпреварување веќе една деценија.
Последен настап во мечот за пехарот во Купот го имавме веќе далечната 2007 година кога одигравме на Гратскиот стадион меч со прилепска ФК Победа. Вардар тогаш однесе триумф со 2-1 и стана шампион во Купот на Република Македонија. Цели десет години навивачите на вардарци немаа прилика за ваква радост. Годинава стигнавме во текот на есенскиот дел до полуфиналето. Мора да признанеме дека коцките ни се наредија, игравме мечеви во кои не се сретнавме со ниту еден прволигаш. Така во досегашниот тек од Купот, нашиот тим има пет победи, во 1/16 финалето го совладаа Скендербеу, потоа двапати беше подобар од Влазерими во 1/8 финалето, а во 1/4 финалето го елиминираа Металург со две идентични победи од 4-1. Со тетовчани првиот меч се играат идната година на 1 март, Вардар ќе биде домаќин на првиот натпревар од овој двомеч. Додека реваншот се игра на 19 април, каде што избраниците на Гоце Седлоски ќе играат во гости кај противникот во Тетово.