Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Филип Андоновски: Ни беше потребен овој триумф за подигнување на самодовербата во продолжение од сезоната
Филип Андоновски: Ни беше потребен овој триумф за подигнување на самодовербата во продолжение од сезоната

Филип Андоновски: Ни беше потребен овој триумф за подигнување на самодовербата во продолжение од сезоната

Втора победа во новата сезона за пионерите на ФК Вардар, кои беа подобри на гостувањето во Куманово од екипата на Милано. Оваа генерација која е предводена од Сашо Тодоровски се врати на победничките патеки, откако убедливо со резултат 0:5 ги совладаа врсниците од Милано. Во најголем дел од натпреварот доминиравме на теренот и целосно го надигравме домашниот тим, што на крај резултираше со висок триумф. Еден од играчите кој даде свој придонес во триумфот беше Филип Андоновски кој во изјава за нашиот сајт ги сподели впечатоците од убедливата победата.

2320

-Уште пред почетокот на мечот бевме свесни дека сме фаворити, но тоа требаше да го покажеме на теренот. Со добра и тимска игра во текот на целиот натпревар успеавме да го надиграме противникот и убедливо да победиме.И покрај тоа што победивме мислам дека можеме многу подобро. Ни беше потребен овој триумф за подигнување на самодовербата во продолжение од сезоната. Оваа генерација може многу подобро и се надевам дека на следните натпревари ќе прикажеме уште подобра игра и ќе освојуваме нови бодови. Ништо не е загубено што се однесува до борбата за титулата, знаеме дека ќе дојде подобар период кога ќе напредува во горниот дел на табелата. Треба само да веруваме во себе и на секој нареден меч да го даваме максимумот на теренот, а резултатите ќе си дојдат самите по себе. 

2615-660x330

Андоновски пристигна како засилување на почетокот на сезоната, од екипата на Металург. На првите пет натпревари настапуваше за кадетите под водство на Влатко Колев, додека на последните три првенствени меча е дел од пионерите на Вардар.

-Среќен сум што сум дел од ФК Вардар, наш најголем клуб и што можам да чекорам по стапките на најдобрите Македонски фудбалери. Пред да преминам во Вардар се познавав со голем број играчи, а со некои од нив сум играл и предходно заедно. Се трудам што побрзо да се адаптирам и на секој натпревар да бидам се подобар, а на тренерите е да одлучуваат за која генерација ќе настапувам.

Звонко Ивановски