Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победа над Спортефе и службена со Шкупи за генер.2006 предводена од Јанев
Победа над Спортефе и службена со Шкупи за генер.2006 предводена од Јанев

Победа над Спортефе и службена со Шкупи за генер.2006 предводена од Јанев

Денес на терените на ФФМ двете екипи на ФК Вардар генерација 2006 која е предводена од Саше Јанев требаше да одиграат два дуела од детската лига. Прв натпревар беше закажан дуелот помеѓу Вардар (1)  и  Шкупи, противникот не дојде па со 3-0 службено  го добивме овој дуел. Во вториот дуел Вардар (2)  се сретна со тимот на Фк Спорт Ефе, на овој натпревар црвено-црните дојдоа до победа со резултат 7-3 (5-0)

 0

Дуелот почна со наша офанзива две прилики за гол кои не ги реализираше на самиот почеток имаше Михаел Танчев чии удари не завршија во мрежата на противникот. Спортефе се обиде, но на нашиот гол сигурен беше Данстак Андреј. Прв погодок на дуелот го постигна Никита Патаровски, кој стрелаше за наше водство до 1-0. Максим Цониќ имаше прилика да зголеми, сепак неговиот удар заврши крај голот. Повторно на сцена стапи Патаровски Никита кој по едне одличен соло продор успеа да го удвои водството стрелајќи за 2-0. Олег Михајловски по три корни доби прилика да изведе пенал, истиот го изведе одлично, но за жал ударот заврши во гредата. Веќе по само 30.секунди игра истиот играч погоди од поле за предност од 3-0. Во продолжение имавме уште две прилики кои беа зрели, ударот на Марко Митев го одбрани голманот на Спортефе, а Патаровски шутна крај гол конструкцијата. Во последните две шанси во првиот дел на дуелот кој се играше по врнежливи услови постигнавме два гола. Најпрвин од поле погоди Миовски Александар, а потоа од нов пенал непогрешлив за нас беше Дамјан Крстевски кој шутна силно и прецизно за резултат 5-0. Токму со тој резултат се замина на пауза на овој дуел кај генерацијата 2006.

00 003

Вториот дел почна со брз погодок за избраниците на тренерот Сашо Јанев, по само една минута игра Михаел Танчев зголеми на 6-0. Оваа предност заедно со лошото време донесе мало попуштање во концетрацијата на црвено-црните фудбалски надежи. Тога го искористи противникот кој за само 5 минути успеа да го преполови нашето водство и да намали на 6-3. Сепак по нивниот трет гол ние одигравме онакак како што игравме цел меч, ангажирано, со доста пасови и посед на топката. Олег Михајловски се обиде со удар од дистанца сепак голманот на Спортефе во последне момент одбрани, одлична нова прилика за негов трет погодок денес имаше и Никита Патаровски. неговиот силен удар успеа голманот на нашиот ривал да го избоксува во поле. Поради постојаната офанзива нашиот ривал постојано мораше да исфрла во корна па добивме нов казнен удар. Успешен реализатор на истиот беше голманот на ФК Вардар, Данстак Андреј кој погоди под гредата за наша предност со резултат 7-3. До крајот умешно го приведовме овој натпревар кон крајот.