Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победа за ФК Вардар (3) генер.2006 предводен од Томче Трајановски над ФК Скупи
Победа за ФК Вардар (3) генер.2006 предводен од Томче Трајановски над ФК Скупи

Победа за ФК Вардар (3) генер.2006 предводен од Томче Трајановски над ФК Скупи

Денес на терените на ФФМ во Ново Лисиче во рамки на детската лига ФК Вардар (3) генер.2006 предводен од Томче Трајановски се сретна со тимот на ФК Скупи. Вардарци во еден интересен дуел дојдоа до нова победа со резултат 5-2 (2-1) Нашите момци доминираа во текот на цел натпревар, посебно за пофалба е дека црвено-црните се родени генерација 2007 и 2008, а се натпреваруват со противници родени 2006 година.

4

Нашиот ривал по само 2.минути успеа да поведе со 0-1, искористувајќи го лизгавиот терен поради обилниот дожд во Скопје. Ние тргнавме во целосна офанзива во продолжение, противникот исфрли три пати во корна, добивме поради тоа казнет удар. Успешен реализатор на истиот за изедначување на резултатот, 1-1 беше Грашески Александар кој шутна силно долу десно. Следеше прилика која не која не ја претвори во гол Стефан Младеновски, имавме повторно офанизва и по нови три корни добивме пенал. Овој пат изведувач беше Милош Спасовски, кој ефекно со силен удар по средината погоди за прво наше водство со 2-1. На нашиот гол во првиот дел имаше неколку одлични одбрани Лука Јаневски, обилниот дожд не дозволи убава игра и повеќе прилики за во превиот дел.

1 2

Вториот дел го започнавме со нереализирана прилика на Милош Спасовски, за жал веднаш стигна казна противникот на спротивната страна изедначи на 2-2. Нашите момци повеќе ја поскауваа победата, беа далеку подобар противник во поле, комбинираа, сето тоа донесе многу прилики и погодоци за нас во продолжение. Најпрвин за ново водство со 3-2 погоди Младеновски Стефан со удар од 12-13 метра од голот на ривалот. Потоа повторно гол од дистанца, топката на 20.метра ја имаше Киш Марко кој со “бомба“ во аголот зголеми на 4-2 и најави дека црвено-црните ќе дојдат до триумф на овој натпревар.  Следеа две зрели прилики повторно Младеновски се обиде, неговиот удар заврши над голот, а пак Злате Радевски шутна одлично сепак голманот на противникот успеа да одбрани. Последниот гол за нас го постигна Петар Мицевски кој зголеми на 5-2, резултат со кој заврши овој натпревар. До крајот имавме уште две шанси кои се вредни за одбележување, истите ги имаа Мицевски и Радевски

 3