Димитар Мечкаровски од Скопје е делегиран да ја дели правдата на натпреварот во среда во Скопје на кој се среќаваат градските ривали Работнички и Вардар.
Ова ќе биде натпревар од 12. коло, Вардар на овој натпревар влегува како апсолутен фаворит, иако е ранлив по големиот неуспех против Победа и поразот вчера. Натпреварот на овие две екипи ќе биде одигран в среда со почеток во 14 часот и 30 минути на Градскиот стадион во Скопје.