Натпреварот од осмото коло во најсилната група А, помеѓу екипите на Вардар и Рајн-Некар е прогласен за меч на неделата или колото во лигата на шампионите. Овој меч кој е закажан да се одигра на 18-ти ноември во С.Ц. Јане Сандански со почеток од 17:30 часот го носи “епитетот“ натпревар на колото и ќе завземе посебно внимание. Тоа значи дека гостин во Скопје ќе биде ирскиот коментатор Том О’Бранаган кој знае со посебни емоции да го искоментира натпреварот.
-Ќе ја посетиме арената на Европскиот шамион за првпат оваа сезона, кога ќе пристигне, можеби, нивниот најтежок тест оваа сезона, германскиот шампион Рајн-Некар. По пет кола, тие се единствените непоразени екипи во група А и нивните два меѓусебни дуела, едноподруго, ќе бидат многу значајни за пласманот на екипите на крајот од групната фаза, се вели во соопштението на официјалната страна на ЕХФ.
Двете екипи играа во една од најсилните групи и минатата сезона кога по една победа им припадна на Вардар и Рајн-Некар, но интересно на гостински терен. Оваа сезона по пет одиграни кола Вардар се наоѓа на првото место на табелата со 9 освоени бодови, додека Рајн-Некар е втор со 8 бодови.