Голманот на младинската екипа на ФК Вардар и репрезентативец на Македонија до 19 години, Матеј Андов, денес заедно со неговите соиграчи од репрезентацијата беа во посета на неколку семејства од околината на Чаир и Скопска Црна Гора.
Голем потег од нашите младински репрезентативци кои донираа храна и неопходни продукти на неколку загрозени семејства, во период кога владее лоша ситуација поради пандемијата со корона вирусот.
Убаво е кога гледаме вакви хуманитарни акции од млади момчиња, кои денес исполнија неколку срца.